Јапонска компанија направи шприц што извлекува седум дози од вакцината на Pfizer

78

Јапонската компанија Terumo објави дека произвела нов вид на шприц што може да извлече седум дози од секое шишенце со вакцината на Pfizer, што е една доза од постоечките шприцеви, пренесува Ројтерс.

Тамошното министерство за здравство го одобри дизајнот на шприцот, а компанијата ќе почне со производство на крајот на март.

Се очекува оваа година компанијата да произведе 20 милиони шприцови.

Инаку, вакцината што ја разви американски Pfizer заедно со германски BioNTech, се испорачува во шишенца за коишто првобитно беше назначено дека содржи пет дози. Шестата доза може да се извлече со посебни шприцеви, коишто ја минимизираат количината на вакцината што останува во шприцот по употребата.

Јапонија минатиот месец почна програма за вакцинирање против коронавирусот и ја користи вакцината на Pfizer.

Фото: Pexels