Јапонски Ворен Бафет: Милијардер кој верувал дека сè се постигнува со љубезност

161

Вахеи Такеда бил еден од најуспешните и најпознати инвеститори во Јапонија, а го носел и прекарот јапонски Ворен Бафет. Се издвојувал од другите познати милијардери по својата филозофија за парите, верувајќи дека сè може да се постигне со љубезност.

Кен Хонда, на кого Такеда 15 години му бил ментор, е автор на бестселерот Среќни пари: јапонска уметност за постигнување мир со вашите пари. Тој за CNBC зборува за истражување поврзано со парите и среќата, истакнувајќи дека еден од најважните личности кои некогаш ги запознал е токму Такеда.

Такеда, кој починал во 2016 година на 83-годишна возраст, му бил ментор на Хонда 15 години и го научил што значи да се живее успешен живот.

Со право го носел прекарот јапонски Ворен Бафет, кој во 2006-та година ги имал првите 10 уделои во над 100 компании, чија вредност е проценета на 30 милијарди јапонски јени, што го прави еден од најголемите поединечни инвеститори во земјата.

Во неговата филозофија стои дека важно е да се биде љубезен, да се изразува благодарност за животот и за сето она што ќе добиете да не заборавите да кажете “благодарам“.

Фото: Freepik