Јапонскиот БДП би можел да падне поради конфликтот со Кина

77

Спорот со Кина околу одлуката за испуштање на контаминирана вода од нуклеарната централа Фукушима во морето може да го намали реалниот јапонски бруто-домашен производ (БДП) за 0,2 отсто, проценува истражувачки институт Даива.

Јапонија пред една недела почна да испушта вода од Фукушима во Тихиот Океан, и покрај протестите на Кина, а Пекинг одговори со забрана за увоз на јапонски морски плодови, пишува Мина. Кина е најголемиот трговски партнер на Јапонија.

Реалниот БДП на Јапонија би можел да се намали за околу 1,2 трилиони јени (8,2 милијарди долари) или 0,2 отсто, доколку пристигнувањето на кинеските туристи не се опорави, што ќе ги додаде негативните ефекти од забраната на Кина и Хонг Конг за увоз на морска храна, пресмета јапонскиот институт.

„Доколку спорот ескалира и доведе до пад од 20 отсто на јапонскиот извоз на стоки во Кина, јапонскиот БДП би можел да се намали за приближно 6,1 трилиони јени, или 1,1 отсто“, додава институтот.

Минатата година, повеќе од 700 јапонски фирми извезоа морска храна во Кина во вредност од околу 600 милиони долари, што ја прави најголемиот извозен пазар во Јапонија. Следува Хонг Конг кој по испуштањето на водата од Фукушима забрани увоз на морска храна од десет јапонски региони.