Јапонскиот дизајнерски бренд Miniso влезе во Македонија

154

Вчера вечер, во присуство на голем број на гости во трговскиот центар Рамстор, на површина од околу 250 метри квадратни се отвори првата од низата продавници на јапонскиот бренд Miniso.

Во присуство на претседателот на Македонско – јапонско друштво, Горан Антевски и многу познати лица од македонската музичка сцена, Роберт Билбилов, Мина Блажев, Александар Тарабунов…, гостите имаа можност да се забавуваат во пријатна атмосфера, а секако и да ги разгледаат производите.

Основана во Јапонија во 2011 година од страна на јапонскиот дизајнер Јунја Мијаке и кинескиот претприемач Је Гуфу, Miniso се развива со неверојатна брзина и за период од само четири години, истражувајки го меѓународниот пазар, станува застапен со франшизи на повеќе континенти во држави како САД, Мексико, Канада, Панама, Јапонија, Кина, Русија, а во Европската унија во Шпанија, Италија, Германија… или во повеќе од 60 држави, со преку 2.500 продавници, а преку компанијата МиниСо Соло влегува и во Македонија.

Miniso, инспирирани од јапонската мода и животен стил, а тргнувајки од мислата дека производите треба да му бидат финансиски достапни на секој купувач, нуди производи во 11 категории и над 8.000 производи.

“Здравје и убавина, технологија, играчки инспирирани од познатите цртани јунаци, помагала за кујна итн. Големо е задоволството да се види дека една брзо растечка компанија од Јапонија како Miniso, го најде своето место и во Македонија. Во изминативе години имаме испратено повеќе од 250 бизнис претставници од Македонија во Јапонија, па се надевам дека ова ќе се преслика и во обратна насока, а ова може да го гледаме како еден добар почеток на успешна соработка“, истакна Антевски.

Miniso не е само бренд, Miniso е животен стил.