Јапонскиот туризам тешко ќе ја поднесе одлуката за забрана на странски гости на Олимпијадата

29

Организаторите на Олимписките игри најави забрана за следење на најголемиот спортски настан на странски гости, оставајќи ги туристичките капацитети во тешка позиција.

Експертите велат дека влијанието ќе биде ограничено во споредба со посилниот удар што го донесе пандемијата, додавајќи дека постои надеж туризмот да закрепне ако животот почне да се враќа во нормала. Но, тоа е голем чекор наназад за таа индустрија што сите надежи ги положи во странските туристи и нивната потрошувачка за време на Олимписките игри.

Јапонија во 2019 година го организираше Светското првенство во рагби, угостувајќи 31,9 милиони странски гости, па за ланската година таргетираа над 40 милиони посети, но пандемијата им ги уништи сите планови.

Фото: Pixabay