Јава тренинг – Seavus талент програма

82

java-talent-program-web-bannerКако дел од Seavus Талент програмите, во тек е пријавувањето за обука од областа на Јава технологијата. Обуката е наменета за дипломирани студенти или студенти запишани во последната година од своите студии за информатички и компјутерски науки, студенти запишани на постдипломски студии како и за сите оние кои имаат технички познавања од оваа технологија и сакаат да се дообучат.

Секоја година на тренингот се пријавуваат повеќе од 150 кандидати, од кои најмалку 15 ја добиваат можноста за едукација. Од нив пак, најдобрите кандидати добиваат можност да се вработат во Seavus.

Јава тренингот ќе се оддржи во втората половина од месец ноември, во период од три недели, при што предавања ќе има три пати неделно, од 13-17 часот.  Сите предавања и практични вежби ќе бидат одржани од експерти на Seavus со повеќегодишно искуство во Јава базирани технологии. Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со знаења од програмскиот јазик Јава и поврзани технологии со истиот, како Spring, Spring Boot, Hibernate и Angular со помош на кои во текот на тренингот ќе изработуваат веб апликации.

Повеќе информации за обуката прочитајте тука:  http://career.seavus.com/job-opportunities/job/java-talent-program

Сите заинтересирани можат да аплицираат на career.seavus.com, најдоцна до 27 октомври 2017 година.