Јавен повик за финансирање програми и проекти за млади

21

Град Скопје распиша јавен повик за финансирање програми и проекти за младите од интерес за Град Скопје за 2018 година.

Програмите и проектите, манифестациите и активностите треба да обезбедат развој, стимулирање и презентација на општествени вредности за младите и достигнувања за подобрување на животот на младите на ниво на град Скопје.

Средствата се доделуваат од Буџетот на Град Скопје од Програмата за активностите во областа на спортот и младите во градот Скопје во износ од 1.000.000.00 денари.

Проектот со кој се конкурира и кој ќе биде избран, треба да е краткорочен, т.е целокупниот проект или последната негова фаза да заврши најдоцна до 15.12.2018 година.

Повикот ќе трае до 16.10.2018 година.

За повеќе детали тука.