Јавниот долг на Хрватска на историско ниво од 44,54 милијарди евра

18

Хрватскиот јавен долг продолжи да расте во 2021 година, достигнувајќи нов историски врв од 334 милијарди куни (44,54 милијарди евра) на крајот на февруари.

Во споредба со крајот на 2020 година, долгот на државата се зголеми за 1,3% на крајот на февруари, односно за 4,4 милијарди куни (586,9 милиони евра), додека во споредба со истиот месец минатата година тој се зголеми за 14,7% или 42,8 милијарди куни (5,7 милијарди евра).

На крајот на 2020 година, јавниот долг на Хрватска изнесуваше 329,7 милијарди куни (43,96 милијарди евра), при што уделот во бруто домашниот производ достигна 88,7%.

Фото: Pixabay