Јавниот долг на Хрватска надмина 89% од БДП

75

Вкупниот јавен долг на Хрватскa на крајот на минатата година достигна 43,54 милијарди евра и е поголем за 12,6% во однос на декември 2019 година, покажуваат податоците на Хрватската народна банка.

Уделот на јавниот долг во бруто домашниот производ се зголеми на 89,1% од 72,8% колку што беше на крајот на 2019 година. Износот на долгот на крајот на декември е зголемен во однос на ноември за 69,4 милиони евра или за 0,16%, пренесуваат хрватските медиуми.

Порастот на долгот најмногу се однесува на домашната компонента на долгот, што во декември се зголеми за 546,1 милиони евра или за 1,9% во однос на ноември, односно за 3,46 милијарди евра или 13,2% во однос на декември 2019 година.

Во структурата на долгот преовладуваат долгорочни должнички инструменти. На крајот на декември, најголем удел во долгот имаа обврзниците (64,4%), потоа долгорочните кредити (29,1%) и краткорочните кредити и хартии од вредност (6,5%).

Фото: Pixabay