Јавниот долг на оваа земја ќе биде 121% од БДП

113

Предложениот ребаланс на буџетот на Франција за 2020 година, кој треба да биде претставен следната недела, предвидува јавен долг од 120,9 % од БДП оваа година, соопшти претставник на Министерството за финансии.

Ваквото големо зголемување на јавниот долг е предизвикано од огромните расходи на државата, кои се мерат во милијарди евра, направени со цел да се ублажат економските последици од кризата со коронавирусот.

Министерството за финансии, исто така, предвидува пад на потрошувачката на населението од околу 10% оваа година, при што се очекува дека домаќинствата од претпазливост ќе ја зголемат заштедата за околу 100 милијарди евра.

Фото:Pixabay