Јавниот долг на Србија 56,7% од БДП

99

Јавниот долг на Србија, на крајот на август оваа година, изнесува 26,6 милијарди евра, што е 56,7% од вредноста на бруто домашниот производ (БДП), што е на исто ниво како и во јули.

Како што пренесуваат српските медиуми, во номинален износ, јавниот долг во август е зголемен за 28,8 милиони евра во однос на јули, кога изнесувал 26,5 милијарди евра.

На крајот на јануари оваа година, јавниот долг изнесувал 24,2 милијарди евра, а на крајот на декември лани бил 23,9 милијарди евра или 52% од БДП.

Фото: Freepik