Јавниот долг на Србија 56,7% од БДП

24

Јавниот долг на Србија на крајот на јули годинава е 26,579 милијарди евра, што е 56,7% од вредноста на бруто домашниот производ (БДП) на земјата, објави српското Министерство за финансии.

Уделот на јавниот долг во БДП на крајот на јули е помал за 0,6 процентни поени во однос на јуни, кога изнесувал 57,3% од БДП, односно 26,870 милијарди евра. На крајот на декември лани, јавниот долг на Србија бил 23,944 милијарди евра, што е 52% од БДП.

Фото: Freepik