Јавно приватно партнерство за пренос на фотонапонски електроцентрали на местото на ТЕЦ Осломеј

78

Министрите во Владата на денешната седница донесоа одлука за давање согласност за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на две фотонапонски електроцентрали на местото на некогашната ТЕЦ Осломеј.

Според физибилити студија за две фотоволтаични електроцентрали со инсталирана моќност од минимум 40 MW секоја, инвестицијата на Електрани на Северна Македонија како свој дел во ЈПП, ќе се врати за една до две години.

Фото: Freepik