Johnson & Johnson плаќа казна од 230 милиони долари

61

Генералната обвинителка на Њујорк, Летиша Џејмс рекла дека фармацевтската компанија Johnson & Johnson се согласи да плати 230 милиони долари по тврдењата дека помогнала во зголемување на криза со опиоиди.

Johnson & Johnson мора во неколку рати во текот на девет години да го исплати целиот износ. Фармацевтската компанија прифати да го затвори производството и дистрибуција на опиоиди во Њујорк и остатокот од Америка.

Од компанијата наведуваат дека иако се согласиле да платат, тоа не значи дека признаваат дека (не) направиле грешка.

Фото: Pexels