Јован Маџовски назначен за Висок комесар за Македонија на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели

176

jovan-1-580x326

Јован Маџовски, регионален менаџер на Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) за Македонија, Албанија, БиХ, Србија и Молдавија, е назначен за Висок комесар на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (World Business Angels Investment Forum – WBAF). WBAF го препозна Маџовски како влијателна личност врз глобалниот пазар на инвестирање во рана фаза на бизниси и му ја додели оваа титула за неговата заложба за унапредување на овој сегмент.

Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (WBAF) е интернационална организација чија мисија е да се олесни пристапот до финансии за стартапи, со цел да генерираат повеќе работни места низ целиот свет. Организацијата е посветена на соработка на глобално ниво за да го зајакне светскиот економски развој преку создавање на иновативни финансиски инструменти за иноватори, стартапи и мали и средни претпријатија. Форумот комуницира со лидерите во сите сфери на општеството, пред сè во бизнис и политичките сфери, за да помогне во проценувањето на потребите и поставувањето на целите, имајќи предвид дека јавниот интерес е од најголемо значење. За обликување на глобалната агенда, се комуницираат широк спектар на институции, јавни и приватни, локални и меѓународни, комерцијални и академски.

Во ноември 2013 година, ЦЕЕД Македонија формираше Клуб на бизнис ангели и е меѓу првите клубови од ваков вид во Македонија. Од јануари минатата година, Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија стана дел од интернационалната мрежа на бизнис ангели EBAN.