JP Morgan презеде компанија за спортска аналитика

45

Секторот за управување со имот и богатство на американската банка JP Morgan Chase презеде удел во компанијата Craft Analytics Group, којашто се занимава со аналитика на податоци фокусирани на спортот.

Финансиската вредност на аквизицијата, како што пренесува Ројтерс, не е откриена.

Клиенти на компанијата Craft Analytics Group, во сопственост на Роберт Крафт, кој е сопственик и на New England Patriots, се членови од Националната фудбалска лига, тимови од главни американски спортски лиги и факултетски атлетски програми.

Со овој договор, единицата за управување со богатство на JP Morgan сака да ја искористи огромната база на податоци коишто произлегуваат од продажба на билети и легални спортски обложувалници за да ја унапреди понудата на услуги за своите клиенти.

Фото: Pexels