JPMorgan Chase се обложува на брзо закрепнување на туристичката индустрија

63

JPMorgan Chase се согласи да го купи еден од најголемите независни оператори за лојалност на кредитни картички, обложувајќи се дека туристичката индустрија нагло ќе закрепне по спласнувањето на пандемијата со коронавирус, пренесува CNBC.

Банката во понеделникот договорила купување на технолошки платформи, туристички агенции, картички за подароци и поени од компанијата со седиште во Конектикат, cxLoyalty Group, според лице директно вклучено во зделката.

JPMorgan ќе преземе половина од 3.100 вработени во компанијата и ќе создаде нов бизнис во рамките на одделот за малопродажба. Трансакцијата ќе се затвори оваа недела, но лицето одби да каже колку платила банката.

“Луѓето ширум светот сакаат повторно да се одморат и да патуваат и се надеваме дека тоа ќе стане реалност за многумина во блиска иднина“, рече Маријана Лејк од cxLoyalty Group.

Фото: Facebook