Американската JPMorgan Chase прикажа приходи што ги надминаа очекувањата на аналитичарите.
Банката во првите три месеци од оваа година оствари добивка од 14,3 милијарди долари, што е 4,50 долари по акција, а што е повеќе од претходно проектираните 3,10 долари од страна на аналитичарите.
Приходите од 33,12 милијарди долари ги надминаа претходните проценки од 30,52 милијарди долари.
Се очекува постигнатите резултати во првите три месеци да се префрлат и во следниот период.
Фото: Pexels