ЈСП: Да не се фрлаат неперсонализираните картички, туку да се надополнуваат

41

skopska

Граѓаните да не ги фрлаат неперсонализираните картички, туку да ги надополнуваат, порача Игор Јанушев, директор на ЈСП Скопје.

Според него, има залиха на картички и секојдневно се дистрибуираат по неколку пати во денот до сите продажни места.

Во 2016 се продадоа нешто повеќе од 33.020 неперсонализирани картички. Врз основа на оваа продажба, се направија претпоставките и анализите колку картички треба да имаме подготвено за во 2017, каде ги вклучивме и приватните превозници. За таа цел беа подготвени повеќе од 150.000 картички. Од нив 30 илјади се продадоа само во првите три дена од јануари, а до крајот на првата недела од овој месец се продадоа 80.000 картички. Заклучно со вчерашниот ден, се продадени околу 140.000 картички, јавува Миа.