ЈСП добива 135 милиони денари неповратна државна помош

39

Владата на седница донесе Одлука за одобрување средства од Буџетот на Северна Македонија за 2020 година, 135.000.000 денари на Град Скопје.

Овие средства ќе бидат неповратна финансиска помош за справување со финансиските последици предизвикани поради кризата со корона вирусот во работењето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје – Скопје.

Поради пандемијата, во одредени периоди ЈСП имаше и дневна загуба од 55.000 евра на це локупниот автобуски систем на транспортниот систем на Град Скопје. Со редуциран возен ред ЈСП прави загуба од околу 32.000 евра секој ден.