ЈСП – Скопје со изменет возен ред за Велигденските празници

507

skopje-mapa

Фото: Skopje.gov.mk

За време на Велигденските празници, ЈСП – Скопје ќе работи по изменет сообраќаен распоред. Автобусите денес сообраќаат по саботен возен ред, со зголемен број на поаѓање од 6:00 до 9:00 часот и од 13:30 до 17:00 часот.

В петок автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, освен линиите 11, 32, 47а, 51, 55, 56, 56а, 70, 74, 80а и 81 кои ќе сообраќаат по делничен возен ред.

Во сабота и во понеделник автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, а ЈСП-Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓање од 6:00 до 18:00 часот.

За подетални информации граѓаните ќе можат да се информораат во Диспечерскиот центар на ЈСП на телефонскиот број 3173-224.