ЈСП: Студентите и пензионерите да ја продолжат важноста на билетите за следната година

29

skopska

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) ги известува студентите и возрасната група граѓани (над 62 години за жени, односно 64 години за мажи) дека задолжително треба да ја продолжат важноста на билетите за 2017 година до 31.12.2016 година.

На тој начин, како што се наведува, тие ќе може да го искористат правното на бесплатен јавен превоз во градот за 2017 година.

“Од 01.01.2017 година, со Интегрираниот тарифен систем, електронските картички ќе може да се користат и во возилата на приватните превозници“, стои во соопштението.