Јубилејна понуда за станбен кредит на Стопанска банка АД – Скопје

59

slika za web

По повод годишнината, 70 години од своето постоење, Стопанска банка создаде единствена понуда на станбен кредит, со која уште еднаш покажа дека се грижи за своите корисници и креира банкарски производи според потребите на граѓаните, овозможувајќи им што полесно да дојдат до посакуваниот дом.

Во својата јубулејна година, Стопанска банка започна нова, промотивна и единствена понуда на пазарот на станбени кредити. За сите поднесени барања за станбен кредит во периодот од 03.11. до 31.01.2015 година, се добива промотивна каматна стапка од 3% во првите три години, што претставува исклучителна можност за сите оние кои размислуваат за станбен кредит.

Исто така, покрај гарантираната каматна стапка за првите три години, Банката на сите кои ќе поднесат барање за станбен кредит им нуди и дополнително олеснување – 0 денари за административни и трошоци за процена.

По истекот на трите години, во примена е променлива годишна каматна стапка, согласно одлука на Банката.

Станбениот кредит може да се користи за купување на стан, куќа, изградба / надградба на куќа, и рефинансирање по најповолни услови на кредити од други банки. Советниците за кредитирање во филијалите на Банката се достапни за сите прашања поврзани со станбениот кредит, а за дополнителни информации обратете се во филијалите на Банката, на www.stb.com.mk или на 24 часа Контакт центарот 02/3100-109.