Јунајтед Ерлајнс отпушти 232 вработени кои не сакале да се вакцинираат

6

Американската авиокомпанија Јунајтед Ерлајнс вчера соопшти дека ги откажува договорите со 232 вработени, кои одлучиле да не се вакцинираат против Ковид-19.

Јунајтед Ерлајнс е првата авиокомпанија што воведе обврска за вакцинација за вработените.

Првиот човек на компанијата, Стив Кирби, јави дека 232 од 67.000 вработени одбиле да се вакцинираат.

Јунајтед Ерлајнс во моментов е единствениот голем американски авиопревозник што прибегна кон процесот на отпуштање на вработените кои одбиле да ја примат вакцината против Ковид-19.

Делта Ерлајнс воведе месечна обврска од 200 американски долари за невакцинираните вработени, додека Американ Ерлајнс и Саутвест Ерлајнс преземаат различни мерки за мотивирање на вработените да се вакцинираат. До вчера во Делта Ерлајнс беа вакцинирани 90 проценти од вработените.