Jungle – 3D печатени сандали што се приспособуваат на стапалата

30

oФото: Youtube

Компанијата за производство на чевли Iguaneye креираше сандали со ергономски облик што се ултра лесни за носење и прилагодливи на секое стапало, пишува Designboom.

Jungle е составена од два дела, односно два гумени ѓонови, а инспирација за нејзиното креирање биле амазонските Индијанци кои ги натопувале своите стапала во течна гума од дрвјата со цел да ги заштитат.

Сандалите се како втора кожа и воопшто не ги иритираат стапалата. Ги следат движењата на нозете и истовремено обезбедуваат максимална потпора за корисникот да може да се движи како што ќе посака.

Тимот на Iguaneye со помош на компанија од Португалија создаде неколку 3D печатени верзии од сандалите користејќи SLS печатач.

За нивна изработка беа одбрани два ултра флексибилни материјали Duraform Flex и Duraform TPU. Iguaneye jungle, коишто моментално имаат своја кампања на Thunderclap, од 7-ми декември ќе бидат достапни и на платформата за финансирање Indiegogo.