Just Human – одржливи еколошки очила за сонце

25

Just Human се одржливи очила за сонце изработени од еколошки материјали што не штетат на околината.

За рамките се користени специјални видови на меки дрвја со FSC сертификат, а стаклените леќи се направени од минерали наместо од пластика. Дури и остатоците од леќите подложат на рециклирање и се користат за следниот материјал.

Кутијата во којашто се чуваат очилата е изработена од влакна од листови ананас и рециклирани пластични шишиња, пишува Inhabitat.

Марамчето за чистење е направено од ткаенина што е добиена од 2,5 пластични шишиња. Секој детаљ на унисекс очилата се изработени во знакот на одржливоста.

Специјална технологија во леќите овозможува тие да ги филтрираат штетните UV зраци, истовремено штитејќи ги од гребнатини и загревање.

Фото: Just Human