Juvo – хрватска иновативна играчка што внимава на вашето дете

27

2

Хрватскиот студент од загребскиот факултет за електротехника и компјутерски науки, Матија Стрбиќ, дизајнираше систем што со помош на сензор вметнат во плишана играчка и мобилна апликација ќе ги известува родителите каде се движи нивното дете. Juvo Home Friend е иновативен производ дизајниран да се грижи за безбедноста на децата и на родителите им овозможува да бидат поспокојни кога е во прашање здравјето и сигурноста на детето. Овозможувајќи им константен увид во каква околина се наоѓа детето, родителите можат безгрижно да ги извршуваат своите секојдневни обврски, пишува Slobodna Dalmacija.

Овој производ го намалува стравот и стресот на родителите во одгледувањето на децата.

1

Користејќи го паметниот сензор, родителите можат да ги обележат местата во домот со сензори што реагираат кога детето ќе се доближи до критичните места. Паметниот сензор на Јуво тогаш го активира алармот и праќа известување на родителите кога детето е во потенцијална опасност. Алармот го предупредува и детето, а исто така и родителите преку мобилна апликација. Јуво е еден од најуспешните хрватски старт –ап проекти, со низа освоени награди на натпревари во Хрватска, а влезе и во финалето на Imagine Cup, натпревар на Microsoft.

Откако ќе го завршат прототипот, тимот планира да собере пари за понатамошна промоција.