Јужна Кореја ќе гради ветерна електрана од 43 милијарди долари

144

Јужна Кореја потпиша договор за изградба на најголемата светска ветерна електрана што ќе биде поставена на море, а ќе чини 43 милијарди долари.

Со овој потег, Јужна Кореја сака да постигне јаглеродна неутралност и да ја зголеми енергетската независност до 2050 година, бидејќи земјата зависи од увозот на јаглен од којшто генерира 40% од целата електрична енергија.

Ветерната електрана, што ќе биде сместена во југозападниот дел на земјата, ќе биде седум пати поголема од најголемата во земјата, а ќе произведува струја како шест нуклеарни електрани.

Според проценките на јужнокорејските власти, земјата има уште многу неискористени можности за производство на електрична енергија, а има и високо развиена технологија. Сеул минатата година објави дека планира да прерасне во една од водечките змеји во offshore производство на електрична енергија. Планот е нуклеарните електрани да бидат затворени во следните години.

Фото: Pixabay