Јужна Кореја планира да воведе електронски нараквици за следење на луѓе во самоизолација

50

Јужна Кореја планира да воведе електронски нараквици за оние кои ги кршат правилата за самоизолација како дел од напорите за спречување на ширењето на коронавирусoт.

Преку нараквиците ќе можат да ги следат движењата на самоизолираните луѓе како и преку нивните мобилни телефони. Властите во Јужна Кореја веќе имаат апликација за да ги следат луѓето во самоизолација.

Здравствените власти во земјата се загрижени поради бројот на “увезени“ случаеви кои доаѓаат во земјата заразени.

Бројот на лица ставени во карантин значително порасна од минатата недела од кога Јужна Кореја почна да применува двонеделен карантин за сите патници кои доаѓаат од странство за да го запрат порастот на увезени инфекции.

Луѓето во карантин се обврзани да преземат апликација којашто ги предупредува властите ако ги напуштат домовите или местото на живеење, но тие апликации не се доволни кога луѓето се искрадуваат и ги оставаат паметните телефони или ја исклучуваат функцијата за локација.

Фото: Pixabay