Јужна Кореја со раст во третиот квартал

24

Јужнокорејската економија забележа раст во третиот квартал, откако регистрираше пад на активноста поради пандемијата.

Четвртата по големина економија во Азија, забележа раст од 1,9% во третиот квартал, во споредба со претходниот квартал. Тоа, според тамошната централна банка, е најбрза експанзија од првиот квартал од 2010 година.

Во однос на минатата година, економијата во третиот квартал забележа пад од 1,3%.

Фото: Freepik