Јужна Кореја: Уреди “шпиони“ снимаат некоректен однос на работното место

74

Со цел да се заштитат работниците од мобинг, во Јужна Кореја се користат специјални уреди “шпиони“, чија задача е незабележително да снимаат што се случува во канцелариите, фабриките или на било кое друго работно место.

За таа цел се користат кожени каиши, очила, пенкала, USB стикови, запалки и слично, пишува Reuters. Во нив се вградени камери, коишто постојано вршат надзор.

Една таква компанија е Auto Jungbo Co. Ltd, чијшто сопственик Јанг Сунг-Чурл вели дека продажбата на овој вид на уреди оди одлично.

Според новиот закон, секој работодавач што ќе врши било каков вид на мобинг врз работникот се соочува со казна затвор од три години или казна од 24.700 долари.

Во земјата има околу 20 фирми што продаваат уреди “шпиони“, а најпопуларен од нив е пенкалото.

Заклучно со август, 572 вработени го искористиле новиот закон да поднесат тужба за мобинг на работното место.

Фото: Pexels