Расте бројот на милијардери кои својот вреден имот го чуваат на “старомоден“ начин, во трезори или сефови, мислејќи дека на тој начин ќе се заштитат од економските кризи што му се закануваат на светот.
Во центарот на Лондон компанијата IBV International Vaults отвора трезор во којшто милијардерите ќе можат да го чуваат она што им е највредно и најважно, пишува Bloomberg.
“Секоја недела примаме повици и понуди од 3,2 милиони долари годишно за слободна соба“, вели Шон Хоеј, директор на IBV во Лондон.
Некои од сефовите имаат само неколку сантиметри, но има и такви што се големи колку еден голем шкаф. Но, постојат и милијардери кои имаат повеќе вредни и поголеми предмети, па за нив се одвојуваат сефови со големина на соба.
Велика Британија, Швајцарија, САД… во овие земји богаташите бараат безбедно место на коешто ќе можат да ги чуваат накитот, вредните слики, реликвии… Некои се решаваат на таков чекор бидејќи се заштитуваат од рецесија, а други сметаат дека банките не се соодветно место за чување на вреден имот поради негативните каматни стапки. освен тоа, се грижат некоја природна непогода да не им го уништи имотот, па решаваат да го чуваат во овие “соби“.
Во Лондон има околу 550 трезори, а во САД околу 25 милиони сефови во коишто се складираат вообичаени вредни предмети, но и помалку ексцентрични вредни предмети на богаташите.
Фото: Facebook