Каде не сакате да заглавите во сообраќајниот “шпиц“?

71

Жителите на Скопје се согласуваат дека е многу непријатно кога ќе заглавите во сообраќајниот метеж, но постојат многу поголеми метрополи од нашата во којашто не би сакале да заглавиме со автомобил или друго превозно средство.

На неславното прво место на глобално ниво е индискиот град Бенгалур. Во овој град, ако некој заглави во сообраќајот ќе потроши над 70% повеќе време за да стигне до посакуваната дестинација, покажуваат податоците на компанијата за софтвери за навигација, TomTom International. Во своето годишно истражување го анализира сообраќајниот метеж во 416 градови во светот од 57 земји. Скопје го нема на оваа листа.

Меѓу градовите каде што е вистинска уметност да дојдете до посакуваното место, пробивајќи се низ сообраќајниот метеж се и: Манила (71%), Богота (68%), Мумбај (65%) и индискиот град Пуна (59%).

Од европските градови, најголем сообраќаен метеж има во Москва, којашто се најдена шесто место. Жителите на Русија трошат 59% повеќе од времето потребно за да стигнат на местото каде што тргнале. Потоа следуваат: Истанбул (55%), Киев (53%), Букурешт (52%), Сант Петерсбург (49%) и Даблин (48%).

Од земјите во регионот, Атина е на 30-то место, Софија е 54-та, Солун е на 130-та позиција,…

Фото: Pexels