Каде се купува најевтин, а каде најскап леб во светот?

233

Лебот претставува значаен прехранбен производ без којшто голем број луѓе не можат да го замислат својот оброк. Но, неговата цена е различна во различни делови од светот. Па така, порталот Numbeo нуди анализа на цени на векна бел леб од половина килограм што може да се купи во маркет.

Жителите на Норвешка плаќаат најскап леб – 2,67 евра за половина килограм. Просечна цена на една векна бел леб во Исланд е 2,54 евра, додека во Швајцарија таа изнесува 2,47 евра. Над две евра една векна леб чини и во: САД (2,34 евра), Данска (2,30 евра), Јужна Кореја (2,13 евра) и Шведска (2,06 евра).

Од земјите во регионот, најскап леб има во Словенија и тој чини 1,13 евра, додека просечната цена на лебот во Грција е 0,88 евра. Хрватска е земја во којашто една векна бел леб се продава по 0,83 евра, додека цената во Црна Гора е околу 0,56 евра. Албанија и Босна и Херцеговина имаат иста цена на половина килограм бел леб – 0,54 евра. Бугарија е 72-ра во светски рамки во којашто белиот леб се продава по 0,51 евра, додека Македонија е 78-ма со цена на лебот од околу 0,44 евра. Поевтин леб од кај нас се продава во Србија – 0,39 евра, додека на Косово една векна бел леб чини 0,37 евра.

Белиот леб е најевтин во овие три земји: Алжир (0,14 евра), Узбекистан (0,13 евра) и Тунис (0,10 евра).