Каде се највисоките плати во ЕУ? Балкански членки на дното

Просечната годишна приспособена плата за полно работно време за вработените во ЕУ минатата година изнесувала 33.500 евра, објави Евростат.

Меѓу членките на ЕУ, највисока просечна плата е забележана во Луксембург од 72.200 евра, потоа Данска со 63.300 евра и Ирска со 50.300 евра.

Најниски плати имаат Бугарија (10.300 евра), Унгарија (12.600 евра) и Романија (13.000 евра).

Од соседните земји највисоки просечни годишни плати има Словенија – 28.760 евра, додека во Хрватска просекот е 16.170 евра, пренесува Политика.