Каде во светот еден билет за во кино чини над 16 евра?

79

Вљубениците во филмската уметност се согласни дека кога се гледа филм воl кино сала, доживувањето е спектакуларно и поразлично од тоа да се гледа на телевизор.

Numbeo направи листа на земји според висината на цената на еден билет за кино. Па така, жителите на Швајцарија може да уживаат пред филмското плато ако за тоа одвојат 16,46 евра за еден билет.

Меѓу 10-те земји со највисока цена на кино билетите се и: Саудиска Арабија (15,81 евра), Јапонија (15,33 евра), Данска (13,369 евра), Финска (13 евра), Норвешка (13 евра), Шведска (12,02 евра), Хонг Конг (11,64 евра), Исланд (11,57 евра) и Велика Британија (11,23 евра).

Од земјите во регионот, најскап билет за кино проекција плаќаа жителите на Грција – 7,50 евра. Потоа следуваат: Словенија (6,20 евра), Бугарија (6,14 евра), Хрватска (4,72 евра) и Албанија (4,49 евра).

Просечна цена на билет за кино во Македонија чини 4,07 евра, додека поевтин билет можат да купат жителите на: Црна Гора (4,05 евра), Србија (3,75 евра) и Босна и Херцеговина (3,58 евра).

Најевтини кино проекции нудат овие три земји: Венецуела (1,83 евра), Непал (2,92 евра) и Шри Ланка (3,02 евра).

Фото: Pixabay