Каде во светот се води најквалитетен живот?

21

Фото: Pixabay

Жителите на Данска, Швајцарија, Финска, Австралија и Исланд водат најквалитетен живот, покажуваат податоците на порталот Numbeo.

Од вкупно 77 земји, Македонија се најде на 56-то место, додека од земјите во регионот подобар пласман имаат: Словенија (16), Хрватска (19), Грција (41), Бугарија (43), Босна и Херцеговина (48) и Србија (53).

На дното на листата се најдоа овие пет земји: Египет, Виетнам, Иран, Кенија и Бангладеш.

При оценување на квалитетот на живот во земјите предвид се земаат повеќе фактори: куповна моќ, безбедност, здравствена заштита, трошоци на живот, цени на недвижнини, транспортни цени, степен на загаденост и климатски индекс.