Кафе наместо сол за топење снег

16

Одделот за одржување на парковите и зелените површини на полскиот град Краков донесе одлука снегот наместо со сол да го растопува со талог од кафе. Според нив, кафето е здраво за околината, а во исто време и поевтино од солта и е прифатливо за шепите на кучињата кои шетаат во околните паркови.

Одлуката наишла на одобрување од жителите и сопствениците на кафулиња во Краков, бидејќи остатокот од кафето нема да го фрлаат во ѓубре.

Над 50 кафулиња прифатија талогот од кафето да го испорачаат до службите за посипување на снежните површини. Властите, исто така, се надеваат дека ќе ги охрабрат жителите повеќе да купуваат кафе за носење и така да им помогнат на угостителите во овие тешки времиња на пандемија.

Фото: Pixabay