Кафуле во Велика Британија служи храна подготвена од намирници од канти за ѓубре

38

the real junkfood

Луѓето стануваат се повеќе свесни за фактот дека непотребно се фрлаат илјадници тони храна, а од друга страна постојано расте бројот на гладни ширум светот. Готвачот Адам Смит од британскиот град Лидс дојде на идеја да направи кафуле, каде што ќе се служи храна од намирници што претходно завршиле во канта за ѓубре, а биле во состојба да се јадат.

Кафулето е отворено во рамки на проектот The real junk food project, каде гостите може да платат онолку колку што имаат. Во кафулето се служи храна од супермаркетите, ресторани и пазарите од градот Лидс. Наместо оваа храна да заврши на некоја од локалните депонии, секоја недела голем број луѓе јадат храна што можат да си ја дозволат, пишува британски Индепендент.

tumblr_inline_n743csX5Iq1sczzun

“Вообичаено ја собираме храната од кантите за ѓубре на супермаркетите. Штом видиме дека ја фрлаат храната, ние за десетина минути ја собираме. Над 90% од храната што се фрла е во одлична состојба и може да се употреби за подготовка на вкусен оброк… Неодамна во канта за ѓубре пронајдовме и кавијар, чиј рок беше до декември 2015 година“, вели Смит.

Дваесет и деветгодишниот Смит заедно со неговиот тим од колеги и волонтери подготвуваат чорби, готвени јадења, супи и слатки од намирници што може да се јадат, а остануваат во рестораните, супермаркетите и пазарите.

tumblr_inline_n7414bekf61sczzun

За само 10 месеци, во овој простор поминале 10.000 лица и се нахраниле со 20 тони храна, што инаку би завршила во кантите за ѓубре.

Овој проект се најде и на глобалната платформа за финансирање – Indiegogo, со цел да собере 100.000 британски фунти за да ја купат зградата во која што моментално се сместени во квартот Армли во Лидс.