Kai – хуманоиден робот од Хрватска

25

Kai или knowledge and innovation е хрватски хуманоиден робот на компанијата MVT Solutions, пишува Пословни дневник.

Изгледот на Kai роботот може да се испечати со било кој 3D печатач, софтверски може да се прилагоди на желбите на корисникот, бидејќи неговиот систем е направен во облик на “отворен код“ и на него може да се додаваат сензори по желба.

Од MVT Solutions велат дека до крајот на годината планираат да продадат неколку стотици хуманоидни роботи.

Овој старт – ап за прв пат се појави пред две години кога на хрватскиот пазар го претстави паметниот електричен велосипед Grunner X, којшто го тестира полицијата во Дубаи.

Фото: Pexels