Кај 1% од Британците “лежи“ четвртина од вкупното богатство на земјата

98

Само 1% од британското општество, односно тамошната елита поседува една четвртина од вкупното богатство на Обединетото Кралство, покажува истражувањето на фондацијата Resolution, што укажува на растечка нееднаквост во Велика Британија.

Во рацете на 1% од Британците има богатство од скоро 800 милијарди фунти, што е повеќе од официјалната статистика на земјата, но реалната цифра би можела да биде уште поголема.

Фондацијата ги повикува властите во Велика Британија да се подготват за ограничување на даночните олеснувања на капитална добивка, како и на данокот за наследство. Исто така, се залага и за воведување на додаток за данок од 1% на имот чија вредност надминува милион фунти.

Оваа мерка ќе ги зголеми шансите на земјата да ги реши проблемите со пандемијата, но и за стареење на населението.

Фото: Freepik