Како безбедно да возите по магла

54

magla

Фото: Pexels

Магливото време е непожелно во било кој период од денот, особено за возачите. Маглата не е за потценување кога возите по патишта каде осветленоста е слаба и брзото возење не никогаш паметна опција.

Еве како безбедно да возите кога условите на патот бараат екстра внимание.

Растојание

Една од основните работи што треба да се практикува за време на возењето по магла е одржување на поголемо растојание од возилото пред вас. Во спротивно, ќе се доведете во ризик од верижен судир. Затоа, бидете оддалечени барем два пати повеќе од возење во оптимални услови.

Исклучете сè

Кога возите по магливо време најдобро е да исклучите сè во автомобилот, како музика, телефони и слично и целосно да се фокусирате на возењето. Најмалку што треба се звуци коишто би ви го одвлекувале вниманието.

Без претекнувања

Не се обидувајте да го претекнете возилото пред вас, колку да и вози полека. Намалената видливост може да ве залаже дека не доаѓа возило од спротивниот правец.

Светла за магла

Секако една од најважните работи се светлата за магла. Тие се поставени ниско, насочени се надолу и пошироко. Не заборавајте да ги вклучите затоа што тие се единствено решение за осветлување на патот и не ги заслепуваат останатите возачи. Доколку се решите да застанете, оставете ги вклучени светлата на автомобилот.