Кога ќе се спомне Бил Гејтс, можеби помислувате на Microsoft, на еден од најбогатите луѓе во светот или пак на еден од најпосветените филантропи.
Постојат две верзии од овој човек. Гејтс е меѓу ретките луѓе кои имаат прилика да живеат два различни животи. Тоа е последица од одлуката којашто ја донел пред 20 години. Се чини дека тоа никој не го забележал, но за претприемачите е важно да посветат внимание, пишува Inc.
Пред и потоа
Првата “верзија“ на Бил Гејтс е младиот Гејтс кој го напуштил Harvard, го основа Microsoft и изгради една од најуспешните компании. Тоа е Гејтс кој има опсесија дека мора да ги реши задачите, директор и основач кој никогаш не отишол на одмор.
Но, втората верзија на Гејтс како повозрасен, помудар, нежен, човек кој се истакна како еден од најуспешните светски филантропи.
Како се вклопуваат двете верзии?
Во рок од неколку недели, Гејтс направил две поврзани работи кои ги обликуваа наредните 20 години.
Прво, на 13 јануари 2000 година, Гејтс објави дека се повлекува од позицијата извршен директор на Microsoft.
На 24 јануари истата година, Гејтс објави дека ќе донира пет милијарди евра.
Многу успешни луѓе велат дека во некој момент се надеваат на промена на брзината и враќање во “нормала“, но многу успешни луѓе не го постигнуваат тоа, како на пример Стив Џобс.
Фото: Facebook