Една од причините поради која се одлучувате да купите автомобил, освен неговите карактеристики и перформанси, секако е и бојата. Но, дали знаете дека бојата на автомобилот може да влијае на неговата вредност, доколку сакате да го продадете во иднина.
Најчесто се избираат автомобили во понеутрални бои, како што се црна, сива, сребрена или бела, но според едно истражување, токму овие бои му ја намалуваат вредноста на автомобилот, на пазарот на половни возила.
Истражувањето покажува дека автомобил во жолта боја по три години вреди 13,8% повеќе од истиот модел во сребрена боја. Црвениот вреди 12,2% повеќе, а било кој модел од автомобил во беж боја вреди 27,6% повеќе од просекот.
Од друга страна, ако имате автомобил во виолетова боја тогаш ако сакате да го продадете ќе може да очекувате за скоро 9% пониска цена од просечната. Ако вашиот “миленик“ на четири тркала е обоен во златно, тогаш неговата вредност би била за 6,1% пониска.
Фото: Pexels