Како бојата на чинијата влијае врз апетитот

22

cinija

Фото: Pexels

Рестораните за брза храна и готвачите со години знаат дека бројни фактори влијаат на нашиот апетит. Помеѓу останатото, боите играат важна улога во нашата исхрана, а може да го одредат и нејзиниот интензитет.

Брајан Вонсинк, директор на лабораторијата за храна и брендови на Универзитетот Корнел во САД, вели дека бојата на ѕидовите, чиниите, приборот и осветлувањето може да влијаат тоа колку ќе изедеме.

На пример, жолтата и црвената боја во комбинација со силно осветлување ќе ве наведе да нарачате повеќе и да јадете побрзо, додека пригушеното осветлување и тивка музика ќе ве натераат да јадете побавно и помалку, пишува BodyandSoul.

“Веќе подолго време владее мислењето дека боите го стимулираат или намалуваат внесот на храна. Не постои една боја којашто ќе ги наведе луѓето помалку да јадат, туку важно е каква е бојата на храната што ја јадете. Треба да има контраст помеѓу бојата на храната и бојата на чинијата во која се служи. На пример, ако белите јаглехидрати се послужат во темна чинија, тоа ќе ја истакне разликата помеѓу боите и ќе ве направи свесни за големината на порцијата. Без тој контраст ќе внесете 18% повеќе храна“, вели Вонсинк.

Користете розова или сива чинија

Ако јадете пребрзо, поголеми се шансите да се прејадете или да не сфатите дека сте сити. Тој препорачува да јадете во розова или сива чинија.

Малите чинии заменете ги со големи

Теоријата за мали чинии/мали порции е мит. Научниците од Универзитетот во Ливерпул по експеримент со пуканки заклучиле дека учесниците во експериментот јаделе повеќе кога користеле помали чинии. Малата чинија ја зголемува шансата да барате репете.

Јаглехидрати сервирајте ги на темносина чинија

Не треба да ги исфрлите јаглехидратите бидејќи тие се се важен елемент на балансираната исхрана, но важно е да ги следите своите порции, (доволно е една четвртина во чинијата). Храната што содржи јаглехидрати послужувајте ја на црвена, темно сина или црна боја.