Како четворица браќа го измамија Amazon и заработија 19 милиони долари

172

Четворица браќа од Њујорк ја измамиле компанијата Amazon и заработиле најмалку 19 милиони долари за две години. Минатата среда Министерството за правда на САД поднесе обвинение против нив.

Според обвинението, браќата испраќале други производи до Амазон, а не оние што ги нарачал американскиот трговец, во исто време наведувајќи многу високи цени по производ, пишува Seebiz.

Магазинот Wired  којшто опфаќа теми од светот на технологијата, меѓу другото известува дека четворицата браќа се на возраст  меѓу 24 и 32 години. Тие го преплавија Amazon со своите производи и наплатија повеќе отколку што беше нарачано.

Еден пример за нивна измама е нарачување дванаесет кутии спреј за дезинфекција, а еден спреј чини 94,03 долари. Наместо тоа, браќата испратиле 7.000 четки за заби, кои ги наплаќале по цена на скап спреј и издале сметка за 650. 000 долари.

Соработката на Amazon со мал дел добавувачи е целосно автоматизирана што често ги прави лесна мета на криминалци. Така на пример одеднаш може да се појават стотици непосакувани книги во книжара.

Браќата знаеле дека може да бидат разоткриени и постојано креирале нови сметки.

Сега, сите четворица се обвинети за нелегално пренесување на имот и перење пари.

 

Фото: Pixabay