Како да бидете асертивни наместо агресивни

230

aseertivnost

Фото: Pixabay

Асертивноста е вештина со која личноста може да се изразува отворено, без да ги повреди правата на другите луѓе. Асертивните личности го кажуваат она што го мислат, ги бараат ресурсите што им се потребни и не прифаќаат “не“ за одговор.

Сепак, многумина не ја знаат важноста на асертивноста за личен и професионален развој. Некои сметаат дека е тешко да се биде асертивен и не знаат дека тоа е вештина што може да се научи.

Асертивноста обезбедува значителен развој во професионалниот и личниот живот. Лидерите кои се асертивни имаат поголем интегритет. Од витално значење е секоја организација да има тим од асертивни личности кои промовираат соработка, поддршка, единство, обука и развој. Асертивноста, почитувањето на другите и интелигенцијата е она што треба да поседува секој добар лидер.

Додека асертивноста е комуницирање преку пренесување на сопствената порака и сослушување што другите имаат да кажат, агресивната личност не посветува внимание за чувствата и мислењата на другите. Таа мисли дека со таквото однесување ќе го добие тоа што го сака, но агресивното однесување ја поткопува довербата и меѓусебното почитување.

Како асертивноста влијае врз личниот и професионалниот живот

Си обезбедувате поголема вредност. Асертивноста ја зголемува самодовербата и ја подобрувате сликата за себе. Исто така, ја развивате свеста дека не само што имате право на свое мислење, туку и негово изразување.

Учите да ги цените другите. Наместо да ги гледате другите луѓе како закана, асертивното однесување ви дозволува да ги гледате како соработници кои може да ви помогнат во остварување на цели.

Ви дава можност да се постигнете повеќе. Кога ќе ја пренесете својата порака соодветно и јасно, никогаш не треба да се грижите за нерешени прашања. Асертивноста помага да изградите и подобар однос со другите.

Основни елементи на асертивно однесување се: Јасно изразување на однесувањето кое ви пречи; објаснување на причините зошто тоа однесување ви смета; јасно изразување на тоа што го барате. Сето тоа го намалува стресот, ја зголемува ефикасноста и долгорочно влијае на квалитетот на живот.