Како да бидете иновативни во бизнисот

38

Неколку совети за како да поттикнете иновативност во вашата компанија.

Различности во тимот

За да имате тим со добри идеи, потребно е во него да вклучите луѓе со различни вештини и знаења и луѓе со различни карактерни особини. На тој начин ќе се надополнуваат едни со други и креативноста ќе биде поголема. Во спротивно иновациите ќе изостанат.

Прогресивно лидерство

Вработените сакаат лидер кој поттикнува иновативност, човек од акција кој освен што ги слуша идеите, дава и сопствени предлози. Затоа за да имате иновативна компанија којашто брзо оди напред, разбудете ја креативноста во себе и заеднички со тимот осмислувајте прогресивни решенија.

Тим=Фамилија

Тимот треба да функционира како една фамилија. Секој член е еднаков со другиот и не треба да има преферирање. Доколку лидерот искрено се грижи за напредокот на своите вработени како професионалци и како луѓе со приватни обврски, ќе добива искрени одговори и многу повеќе иновативни идеи.

Транспарентност

Тимот заедно со својот лидер треба да бидат транспарентни и отворени за секакви прашања и идеи. Охрабрувајте brainstorming, или споделување на мислења и идеи, без разлика какви се. Не се знае кој од кого ќе добие инспирација и ќе дојде до клучното решение кое што ќе биде од полза за сите.

Фото: Pixabay