Како да докажете дека сте примиле оштетен производ купен преку интернет

39

Понекогаш изборот на подарок значи само половина од вашиот напор доколку нешто се искомплицира со испораката. Безбедна и навремена испорака на производот е задача на продавачот. Откако потрошувачот ќе го земе производот, а потоа ќе дознае дека производот е оштетен, ќе биде тешко да се докаже дека штетата настанала за време на процесот на испорака, велат од Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ).

Од ОПМ ги советуваат потрошувачите внимателно да проверат дали производот има одредени недостатоци или е оштетен и да внимаваат дури и кога самиот пакет не е оштетен.

Оштетените пратки не треба да се прифаќаат и треба веднаш да се вратат.

Претходно, потрошувачите треба да го фотографираат производот, а за оштетениот производ писмено да го известат продавачот и да ги наведат причините за одбивање на пратката, со достава на слики од пратката и производот.

Фото: Freepik