Како да го искористите гневот продуктивно

14

gnev-pixabay

Фото: Pixabay

Кога зборуваме за многу успешните претприемачи, тогаш велиме дека тие се логични, рационални и дека во време на криза тие остануваат смирени и фокусирани. Тие не се лутат или барем не го изразуваат гневот. Освен ако не се Стив Џобс, Џеф Безос или Бил Гејтс. Повеќето луѓе мислат дека единствениот начин да се менаџира ефективно е ако се елиминираат, скријат или потиснат негативните емоции како што се гневот и фрустрацијата. Меѓутоа, истражувањето на експертите за емоционална интелигенција Хенри Еванс и Кол Фостер, покажува дека најпродуктивните луѓе и тимови всушност го изразуваат целиот спектар на емоции.

Еванс и Фостер велат дека гневот всушност е корисен кога е контролиран и може да се искористи во две позитивни можности:

Гневот создава фокус

Кога сте гневни се трудите да се фокусирате на една работа – изворот на гневот. Не сте расеани и се што гледате е пред вас. Таков степен на фокус може да биде екстремно моќен.

Гневот генерира самодоверба

Кога сте гневни автоматски ви се крева адреналинот, што ги зголемува сетилата и ги намалува инхибициите. Гневот во мали дози може да биде искрата за почеток на работата.

Но, сепак постои голем проблем кога луѓето се гневни. Под влијание на гневот луѓето лесно кажуваат работи за кои подоцна жалат. Затоа постојат начини што водат до искористување на гневот и пат како да останете паметни и под контрола, додека сте лути. Ако тоа ви изгледа невозможно, прочитајте и слободно применете:

1. Налутете се на делото, а не на личноста

Доколку вработениот погреши, најчестата реакција е “Како можеше да бидеш толку глуп?“. Кажувајќи го ова ќе се чувствувате подобро 10 минути, но со сигурност нема да ви помогне. Ако речете “Ти си добар вработен, но не можам да разберам зошто го направи тој потег. Може да разговараме за тоа?“, насочувајќи ја фрустрацијата на делото, а не на вработениот, ќе им го намали чувството на дефанзивна реакција, а вие се уште ќе можете да ја изразите вашата фрустрација – што ќе ви помогне и на двајцата да се фокусирате на решавање на проблемот.

2. Искористете ја лутината за да ги надминете стравот

Кога сме нервозни или исплашени, најчесто потоа се каеме за работите што не сме ги кажале. На пример, добавувачот не испорачал навремено, но исплашени сте да реагирате за да не ги нарушите долгорочните деловни односи. Не се криете позади стравот или гневот, едноставно прифатете дека сте лути. Покажете лимитирана лутина. Тоа ќе ви го зголеми адреналинот и ќе ви помогне да излезете од зоната на страв.

3. Лутината треба да се изживее и изрази, но чекор по чекор

Повеќето луѓе го задржуваат чувството на лутина долго време. Негативните емоции се натрупуваат и растат и потоа луѓето не можат да се контролираат и на крај ќе експлодираат од лутина. Затоа е важно емоциите да се изживеат и изразат, ама чекор по чекор. Прво треба да работите на пониските нивоа на гневот, почнувајќи од нештата што ве иритираат, потоа фрустрираат, за финално да стигнете до гневот.

Чекори на изживување и изразување на лутината:

Првиот чекор што треба да го направите кога се чувствувате иритирано е да не ги потиснувате емоциите. Зборувајте за тоа како се чувствувате. Мислете зошто е тоа така и од каде извира емоцијата. Потоа работете на таа емоција. Кажете што треба да кажете, дозволувајќи иритацијата малку да се покаже. Не треба да се грижите за контролата на ситуацијата, бидејќи се уште не сте гневни, туку само иритирани.

Потоа можете да одите на следното ниво и да ја изразите фрустрацијата. Останете фокусирани на тоа што го чувствувате. Запрашајте се дали ја користите фрустрацијата како оружје или како инструмент.

Откако ќе го направите тоа, можете да одите на крајниот чекор во изразување на лутината. Запрашајте се себеси дали сте вие одговорни за гневот и дејствието, или гневот ве контролира? Со текот на времето ќе научите како да ги контролирате темпераментот и емоциите, без да си наштетите. Ќе се чувствувате добро и кога сте нервозни, ќе ги изразувате емоциите на најпродуктивен начин.

5. Лутината е автентична – но исто такви се и големите лидери

Големите лидери се автентични и затоа ги следиме. Доколку сакате да бидете голем лидер, престанете да ги потиснувате негативните емоции. Престанете да се преправате и изразете ги сите емоции, но на контролиран и корисен начин. Кога сте лути изразете ја лутината, но на интелигентен начин, додека сте вознемирени.

Изразувањето на лутината ќе ви помогне да останете фокусирани вие и вашиот тим. Тоа е моќен потсетник дека понекогаш нештата не се такви какви што изгледаат. Кога ја користите лутината коректно, тогаш може да ве одведе вас и вашиот тим на места каде што не сте бие претходно.